Во текот на утрешниот ден право на глас ќе имаат болни и изнемоштени лица, како и ковид-позитивните граѓани и осудените лица низ целата држава.
Во Куманово утре гласаат 109 болни и изнемоштени граѓани и 49 позитивни на коронавирусот кои што се во изолација.
Правото на глас утре ќе можат да го остварат и 38 осуденици во КПУ „Затвор Куманово“ во селото К’шање, информираше Бранкица Димковиќ, претседател на Општинската изборна комисија Куманово.
Куманово е најголемата општина во државата и според податоците на Избирачкиот список, право на глас на овие избори ќе имаат вкупно 93.986 гласачи. Гласањето ќе се одвива на 167 избирачки места.
Гласачите во Куманово на гласачкото ливче за градоначалник ќе имаат пет кандидати, додека за членови на Советот можат да изберат една од 15-те советнички листи.