Утре ќе се одржи седница на Советот

Во зградбата на поранешен Комитет утре ќе се одржи шеесет и втората седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред се четири точки, меѓу кои тримесечен извештај за финансиско работење на јавното претпријатие „Водовод“ како и предлог одлука за давање согласност на предлог годишен план за вработување за идната година, годишен извештај и програма за работа на ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“.

Коментари

коментар(и)