Утрово 100 возачи санкционирани за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Утрово од 08 до 12 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 100 возачи.

20 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца за дури над 70 километри на час над дозволената.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-се вели во соопштението од МВР.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)