Уште еден угостителски објект е затворен

Угостителски објект лоциран во центарот на Куманово вчеравечер бил затворен од полицијата, поради непочитување на мерките за заштита од коронавирусот. Пријавата дошла од страна на еден граѓанин при што полициските службеници од СВР Куманово извршиле контрола и констатирале дека освен што ојектот работи и по дозволеното време, не е ниту регистриран за својата дејност. Казнети биле пет лица – гости и сопственикот Г.Р (49), против кој ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)