УЈП алармира за измама преку СМС пораки

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека  вчера и денеска, непознат испраќач користејќи го логото на УЈП, преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички. Управата за јавни приходи апелира ДА НЕ СЕ ОТВАРААТ ОВИЕ СМС ПОРАКИ И ДА НЕ СЕ ОТВАРА ЛИНКОТ, а доколку некој го отворил линкот, да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што  истите можат да бидат злоупотребени.

Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

Коментари

коментар(и)