Се реализира проектот од ТАВ програмата во Куманово. Се финансира основен проект за фекален колектор за селата Сопот, Табановце и Четирце.
-Тоа е стар проект кој што е аплициран уште во 2016 година. Средствата кои што ги добивме како општина од ТАВ ќе се реализираат во следниот период. Фирмата која што е изберена од страна на ТАВ е Жикол за изведувач на овој проект, кој има за задача да се реализира главниот фекален колектор на релација Куманово – село Четирце, Табановце, Сопот, колку точно километри бидејќи се работи за сериозен опфат ќе бидат реализирани, сепак зависи од договорот кој што е склучен помеѓу ТАВ и фирмата изведувач, бидејќи општина Куманово е само корисник и апликант на овој проект. Се надевам на успешно завршена работа, во моментот кога ќе биде завршена колекторот ќе биде даден и ставен под владение. Јас очекувам во следните шест месеци да биде реализиран овој проект, инаку договорот остава поголема временска рамка од една година-истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
