Физичка пресметка во центарот на Куманово

На 17.03.2021 година во 18.50 часот во СВР Куманово, З.З. (43) од Куманово пријавил дека околу 12.00 часот на улица „Гоце Делчев“ неговиот син А.З. и лицата А.А. К.С. и Ќ.З биле физички нападнати од страна на неколку лица, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)