Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода три лица од Куманово. Тие се сомничат дека во угостителски објект на улица „Партизанска“ во Куманово физички нападнале две лица од Куманово и оштетиле дел од инвентарот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Физички нападнати две лица
