(ФОТО) Излета автобус кој сообраќал кон Истанбул, патниците во добра состојба

Автобус на туристичка агенција, кој сообраќал кон Истанбул, попладнево околу  17 часот излетал и се превртел во близина на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка.

Како што информираат од кумановската полиција, три лица кои се здобиле со полесни телесни повреди, одбиле лекарска помош. Станува збор за автобус со турски регистарски таблички.

Патниците се уште под трауми, раскажаа дека до незгодата дошло откако автомобил им го пресекол патот, па возачот во обид да се избегне посериозна незгода, со автобусот излетал од патот.

Екипа на СВР Куманово изврши увид и презема мерки за расветлување на несреќата. И покрај незгодата сообраќајот функционира, и не е во прекин.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)