ФОТО: Панихида за осумтте припадници на полицијата во „Диво насеље“

Во соборниот храм „Свети Никола“ во чест на загинатите осум припадници на полицијата во настаните во Диво насеље и годинава се одржа панихида, која ја организираат група бранители. Годинава се одлежуваат шест години од вооружената престрелка, во која беа повредени и 37 лица.

-Во 2015 се случи тетористички напад врз Куманово, луѓето кои загинаа 8-мина се херои, бидејќи со своите животи спасија цивилни животи. Тоа никогаш нема да го заборавиме. Тие луѓе дадоа се што имаат, најсветото нешто, својот живот и затоа наша огромна обврска и товар е никогаш да не дозволиме да ги заборавиме. Вечна им слава-порача бранителот Предраг Петрушевски.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно беа одликувани со медал за храброст.  Загинаа и 10 лица во вооружената група.

 

Коментари

коментар(и)