Целосно отворање на училиштата од септември

Владата ги усвои протоколите и плановите за отворање на училиштата од септември, а од МОН објаснуваат оти истата ќе се одвива според протоколите за физичко присуство од минатата година.

Наставата е предвидено да се одвива по протоколот за настава со физичко присуство којшто се применуваше и претходната учебна година, за што училиштата ќе изработат распореди за пристигнување и заминување од училиште и ќе воспостават куќен ред. Задолжително ќе биде носењето на маски, ќе се прават чести проветрување на просториите, дезинфекција и мерење на температура.

Поради здравствената состојба за учениците од ризичните групи ќе се направи исклучок и тие ќе можат да следат настава на далечина, а за тоа ќе биде потребно нивните родители да достават потврда од матичен лекар или педијатар, информираат од Министерството.

Доколку епидемиолошката состојба се промени, може да се донесе одлука наставата од петто до деветто одделение да се спроведе со учење од далечина. Или, да се примени третата алтернатива, која предвидува враќање на сите ученици во училиштата под здравствени протоколи, но со ротација на групи ученици, така што една група е во училиште со физичко присуство, додека друга следи настава онлајн – посочуваат од МОН.

Коментари

коментар(и)