Црвениот крст ја одбележа Неделата на борба против ракот

Oпштинската организација на Црвен крст Куманово во рамките на традиционалните активности ја одбележа Неделата на борба против ракот. Вчера во ОСТУ „Наце Буѓони” се одржа едукативно предавање под мотото „Заедно во борба против ракот” од волонтерот Ивана Стојановска.
49 младинци беа едуцирани како може да се намалат ризиците од развој на карцином со едноставни превентивни мерки и промена на животните навики посебно кај младата популација како што се здрава исхрана и одржување на нормална телесна тежина, практикување на физичка активност, престанок со пушење, конзумирање на алкохол, умерено изложување на сонце и слични навики кои треба да ги усвоиме во секојдневното живеење, се вели во соопштението од ОО на Црвен крст Куманово.

Коментари

коментар(и)