Црвен крст додели ПХВ благодарници на волонтерите

Општинската организација на Црвен крст Куманово ги додели ПХВ благодарниците на волонтерите, кои беа вклучени во реализација на овогодинешниот ПХВ циклус и успешно изработија седум проекти за добробит на заедницата. Лидерот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово Никол Ѓорѓевска, им се заблагодари на волонтерите за нивната вклученост и несебичност во текот на реализацијата на ПХВ проектите и при тоа ги покани сите волонтери, во иднина активно да се вклучат во изработка и реализацијата на програмските активности.

Коментари

коментар(и)