Црвен крст со активности за празниците

Општинската организација на Црвен крст  Куманово по повод велигденските празници но и рамазанските постои во текот на претходната недела дистрибуираше 60 прехрамбени пакети од собирни акции кои се спроведоа со поставување на пунктови за донација во неколку маркети.

Хуманитарните пакети беа поделени на социјално загрозени семејства од Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Да бидеме хумани и да помогнеме онаму каде што е најпотребно, велат од организацијата.

Инаку по повод најголемиот христијански празник Велигден, а во рамките на годинешниот ЦКА-ПХВ циклус, се организираше и ликовен конкурс за најдобро нацртан цртеж на тема: Велигден.

На конкурсот пристигнаа вкупно 22 цртежи изработени од млади таленти на возраст од 6 до 11 години.

Коментари

коментар(и)