Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово, донираа прехранбени и хигиенски пакети за семејството од село Режановце, чијашто куќа беше зафатена од пожар.
Волонтерите го посетија седумчленото опожарено семејството од село Режановце, кое во несреќен случај остана без покрив над главата по пожарот кој од непознати причини ја зафати нивната куќа на 27 март, годинава.
При посетата на семејството волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово донираа хуманитарна помош во храна, облека, вода, ќебиња, душеци, обувки и играчки за деца.