Четворица новозаболени од ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19. Од нив Скопје – 9, Кичево – 5,  Куманово и Тетово-  по 4, Прилеп и Охрид – по 2, Штип и Струмица – по 1. Во истиот период нема починати лица.

Регистрирани се 34 оздравени пациенти од:

• Скопје – 18
• Прилеп – 4
• Куманово и Тетово – по 3
• Битола – 2
• Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

Коментари

коментар(и)