Шеесет и прва седница на Советот

Утре во зградата на поранешен комитет ќе се одржи шеесет и првата седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред ќе се најдат неколку точки, меѓу кои предлог – Одлука за давање на финансиска помош од Буџетот на Општина Куманово на семејствата на починатите во трагичниот пожар во мобилната Ковид болница во Тетово, тримесечен извештај за финансиско работење на јавното претпријатие „Водовод“, како и предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2022 година. Советниците ќе го разгледаат и годишниот извештај за работа и програмата на ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“, како и предлог-Одлука за основање на младински центар во Oпштина Куманово.

Коментари

коментар(и)