Штала со сено – слама изгорела во пожар во атарот на селото Четирце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Во интервенцијата учествувале петмина пожарникари со три противпожарни возила. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, објектот бил во сопственост на 68-годишен мештанин на селото. Причинета е материјална штета чија висина не е позната.