Јавен увид во избирачкиот список до 9-ти септември

Заклучно со вчерашниот ден вкупно 10 724 лица се провериле во Избирачкиот список, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

-Поднесени се вкупно 27 барања за запишување во Избирачкиот список, 23 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 15 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, велат од ДИК.

Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 35 барања.

Од Државната изборна комисија потсетуваат дека тече постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година

Коментари

коментар(и)