Во Занаетчискиот дом вечерва концерт насловен Љубовен мјузикл ќе изведе оркестарот Симфониум при гимназијата Гоце Делчев, во придружба на танцов клуб Динамик.
Концертот кој ќе започне во 19 часот, е во сценарио на професорот Филип Петровски.
Организаторите ветуваат поинаков Св.Трифун со кумановски љубовни приказни, светски познати валцери и многу смеа. Љубовен мјузикл велат нема да ве остави рамнодушни. Настанот е под покровителство на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.