Ќе почне да функционира бројот 112

Европскиот број за итни случаи 112 се пушта во употреба и за македонските граѓани, кои во итен случај, со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата, соопштија од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Воведувањето на европскиот број за итни повици Е-112 е овозможено со поддршка на Европската Унија.

Директен корисник е Центарот за управување со кризи, a воспоставувањето на целиот систем на бројот 112 за итни случаи е поддржано од Европската Унија со 2,3 милиони евра, вклучувајќи хардвер, софтвер и стручна помош.