Ќе се изработи план за урбана мобилност

Претставници на јавните претпријатија, месните заедници, општината и сообраќајни експерти, денеска присуствуваа на работилница во рамки на проектот за изработка на план за урбана мобилност во Куманово, кој во следните две години ќе го релизира Општина Куманово заедно со ЗЕЛС и Гиз. Со овој план би требало да се подобри целосниот сообраќај во градот, пред се јавниот градски превоз.

-Ќе видиме какви идеи ќе произлезат, кој дел од градот можеби ќе биде затворен за моторни возила за сообраќај, кој дел ќе биде еднонасочен меѓутоа сето тоа ќе произлезе дури во завршните фази. Сега ќе се даваат предлози а исто така ги повикувам сите да се пополни анкетата која што е на сајтот на општина Куманово каде што сите ќе земат учество и придонес за креирање на подобар живот во градот. Една од мерките е токму тоа подобрување на јавниот превоз ставање акцент на јавниот превоз на велосипедскиот превоз и за сите други алтернативни видови на превоз, оваа мерка не е против автомобилите туку е за подобрување на состојбата во градот-изјави Емилија Сларидис Јаневска, Сектор за урбанизам.

-Во следниот период ќе реализираме уште работилници ќе имаме дополнителни анкети, така што целта е да се собере што повеќе податоци од терен кои ќе ни помогнат во носењето на одлуките но и препораки кои ќе ни помогнат да успееме во намерата која ја имаме заедничка.  Општина Куманово е изберена меѓу петте општини во државата кои ќе можат заедно со ЗЕЛС и ГИЗ да изработат план за урбана мобилност-дополни Бојан Петковски, одделение за инфраструктура и сообраќај при општина Куманово.

Пред присутните на работилницата се обрати и градоначалникот, Максим Димитриевски кој истакна дека трансформацијата на Куманово во модерна и урбана средина, не може да се направи без стратешко дологорочно планирање. Тој нагласи дека градот нема изработено сообраќајна студија, а во 80-тите години инфраструктурата била предвидена за околу 8000 возила, но таа бројка денес е над 30.000 илјади. Димитриевски напомена дека коридорите се бенфит за Куманово, бидејќи даваат можност за стретешки развој, но за жал кога истите биле планирани, не биле предвидени обиколници.

-Ние денеска сме соочени со фактот дека градот го сечат 3 многу важни коридори. Соочени со тој факт мора дополнително да се надоградиме на таа постоечка инфраструктура и да изнајдеме стратешки план како градот ќе се развива и шири во делот на сообраќајното поврзување  интерно внатре првично а потоа и регионално и оваа иницијатива е една од причините сите ние преку претставници на граѓаните, месните заедници, стручната фела направиме сеопфатна анализа за градот за да можеме да дојдеме до тие стратешки документи кои се неопходни за стретешко планирање на нашата општина. За жал досега немавме вакви документи но никогаш не е доцна-нагласи Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово истакна дека општината ќе планира од буџетот за наредните години да се одвојат финансиски средства за изработка на ваков стратешки документ кој подоцна може да се искористи за дополнителни грантови од ЕУ.

Коментари

коментар(и)