Ќе се реконструира железничката станица во Куманово

Вчера патнички товарен воз кој сообраќал на релацијата од Трубарево кон Куманово, кој превезувал камен, во селото Романовце дел од неговите вагони се излизгале и излетале од шините. Повредени нема, но штетата на јавното претпријатие за железничка инфраструктура е голема, причинета е материјална штета. Од железници информираат дека се оштетени 12 вагони и околу 250 метри од пругата.

Летово ќе се реконструира железничката станица во Куманово, најави директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура-Железници на Република Македонија Хари Локвенец. 

Проектот за реконструкцијата на објектот е вметнат во последните измени на планот за изработка на првата и втората фаза од Коридорот 8, пругата од Куманово- Бељаковце- Крива Паланка.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)