Ќе се реконструира Театар Куманово во 2019-та

Наредната година ќе се реновира кумановскиот театар, информираше директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски. Министерството за култура одлучило во буџетот за 2019-та година да одвои средства за реконструкција на театар Куманово.

-Имаме одобрен план за реконструкција на Театар Куманово за 2019-та година Во тек е подготовка на проектна документација, веќе е започната и која би требало да се заврши во првиот квартал од годината. Очекуваме реконструкацијата на објектот да започне во втората половина од наредната година, некаде во август или почетокот на септември“-изјави Тодоровски.

Се уште не се знае што точно ќе биде опфатено со реконтрукцијата, но надлежните сметаат дека ќе биде реконстриран целиот објект од под до кров. Од театар Куманово истакнаа дека е неопходна оваа реконструкција, бидејќи објектот е стар, изграден далечните 60-ти години од минатиот век.

-Навистина изискува неопходни промени, со цел малку да се модернизира да биде прилагоден и на актерите и на публиката и новото модерно време. Досега немало некоја посериозна реконструкција во овој објект во кој функционираат два ансамбли, на македонски и албански јазик, кои оставруваат  годишна продукција од минимум осум премиери и приближно двесте изведени престави во текот на годината. Со право реагираат актерите навистина се работи во некои услови кои се субстандардни за театарска уметност и да се направат театарски дела, меѓутоа и покрај се кумановскиот театар функционира и секоја години има премиери и репризи имаме публика и кумановската публика го сака овој театар така што се надеваме и очекуваме со реконструкцијата да придонесеме за подобри културни настани во градот-нагласи Тодоровски.

Инаку во театарот пред три дена имаше премиера на албанска драма, а веќе за 29-ти месецов љубителите на театарската уметност ќе можат да ја проследат премиерата на македонска драма, претставата О моја ти. Во меѓувреме изведуваат репризи на претставите Физика на тагата, како и Мани мани, со која кумановските актери во четврток гостуваме во театарот во Гевгелија.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)