Ќе се реконструира улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, објавија надлежните на официјалниот сајт на општина Куманово. Како што пишува на сајтот, за потребите на Проектот за поврзување на локални патишта кој е финансиран со средства од Светска Банка, општина Куманово има аплицирано со под-проeкт за „Реконструкција на локална улица „Моша Пијаде” за што е изготвена Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти согласно Стандардите за животна средина и социјални аспекти на Светска Банка 1-10.
Документите за проектот може да се преземат од официјалниот сајт на општината.
По истите граѓаните ќе можат да коментираат, доставуваат предлози, идеи, забелешки по однос на проектот, заклучно до 18.02.2025 година.