Ќе се формира Центар за обука за управување со кризи

Центар за обука за управување со кризи ќе биде формиран во Куманово, а ќе се реконструрира и објектот на ЦУК, каде во иднина треба да биде сместен и Регионалниот штаб за управување со кризи. Владата ја разгледа и усвои информацијата за поддршка од САД во реконструкција на објект на Центарот за управување со кризи во Куманово, кој треба да прерасне во Центар за обука за да се унапредат капацитетите на системот за справување со природни катастрофи. Кога ќе биде готов овој објект тој ќе биде целосно опремен за функционална работа на Центарот за обука, како и за сместување на Регионалниот штаб за управување со кризи во Куманово кој покрива 6 општини во североисточниот регион, вклучувајќи ги и пограничните региони со соседните земји Србија и Бугарија.

 

Коментари

коментар(и)