Автомобил се запалил во движење на „Доне Божинов“

Автомобил марка „ауди“ се запалил во движење. Во кумановската полиција нешто пред 20 часот, било пријавено дека на улицата „Доне Божинов“ настал пожар во патничко возило со кумановски регистарски ознаки во движење, сопственост на 44 годишен жител на село Речица, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. Во пожарот нема повредени, а интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица.

Коментари

коментар(и)