Екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ насадија околу 500 листопадни и зимзелени садници и украсни грмушки.
Листопандите, зимзелените садници и украсните грмушки се насадени на плоштадите, булеварите, кај Спортската сала, градските паркови, и повеќе улици во градот.
Паралелно се спроведува и акција за кроење на грмушки на јавни површини. Од претпријатието апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат кон садниците и цвеќињата.