Алексовска:Секоја прва сабота работна за „Развигорче“

Секоја прва сабота во месецот почнувајќи од втори септември годинава ќе биде работна за објектот „Развигорче“ од градинката „Ангел Шајче“ , како и за градинките во целата држава согласно одлуката на Владата за воведување работна прва сабота. А пак што се однесува до најавеното двосменско работење, директорката на градинката Марина Алексовска на денешната седница на Советот потенцираше дека „Ангел Шајче“ е една од двете градинки во државата кои што одамна имаат втора смена. Во случајов станува збор за објектот „Буба Мара“  во кој што втората смена била воведена  наменски во времето кога функционирале фабриките „Чик“ и „Киро Фетак“. Засега втора смена во градинките во Куманово останува само во „Буба Мара“, бидејќи за новата мерка  на ниво на државата допрва треба да се обезбедат финансиски средства за над 300 нови вработувања, изјави  Марина Алексовска, директор на градинка „Ангел Шајче“

Советникот Драги Караџински бараше одговори од директорката Алексовска до каде се работите околу уредувањето на пионерскиот дом и дали е преземено нешто околу ветувањата за изградба на нова градинка во населбата Перо Чичо.

Директорката Алековска информираше дека најдоцна до први октомври годинава дел од пионерскиот дом ќе биде преадаптиран во градинка и ќе отпочне со работа.

На денешната сединца освен што беше усвоен годишниот извештај за работа на јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2016/2017 година, советниците дадоа зелено светло и за годишната програма за работа на градинката за учебната 2017/2018 година.

Коментари

коментар(и)