Успех за пензионерите на Републички натпревари

Членови на здружението на пензионери од Куманово  учествуваа на 22- Републички пензионерски спортски натпревари што се одржаа на втори септември во Кочани. Во вкупниот пласман, здружението од Куманово го освои третото место учествувајќи во 12 спортски дисциплини, информира потпретседателот на здружението Љубица Кузмановска.

Активностите на ова здружение продолжуваат  и наредиот период.

-Планираме да учествуваме на традиционален шаховски турнир кој го организира Оддел за превенција , на 15 септември Комисија за спорт организира поединечен месечен турнир во шах,  во чест на Денот на пензионерите на 19 септември ќе организираме шаховски турнир на кој ќе бидат поканети Оддел за превенција, Црвен крст, АРМ  и полициски и армиски ветерани , а на 21 месецов органзираме  излет во Лесново по повод Мала богородица,и зјави Кузмановска.

Здружението на пензионери„Куманово“ секогаш  е активно и во областа  на културата. Како што информира Кузмановска, на седми септември фолклорната секција ќе учествува на фолклорна манифестација во Скопје, на десетти месецов хорот ќе настапи на Меѓународен фестивал на хорови во Ќустендил, на 16 –ти септември драмската работилница при КУД  Ѓоко Симоновски со кабаретска претстава ќе се претстави во Ниш и на 24 овој месц во Куклица ќе биде презентирана Свадба на кумановски начин .

Коментари

коментар(и)