Анкета дали да има бесплатен јавен превоз

Кумановци имаат можност преку анкета да се изјаснат дали се заинтересирани за воведување на бесплатен јавен превоз во период на енергетска криза.

Анкетата ја објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој информираше дека во тек се интензивни разговори и координации со Советот, со фирмите вршители на јавниот градски превоз во градот за можност од воведување на целосно бесплатен јавен превоз во градот за сите граѓани на сите 26 градски линии.

Ваквата услуга би се субвенционирала од општинскиот буџет за 2023 година. Димитриевски најавува дека ќе излезе со конкретно предлог решение кое треба да помине на советот при гласање на годишна програма и буџет.

Коментари

коментар(и)