Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во пресрет на празниците, апелира до сопствениците и организаторите на новогодишните прослави да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите.
„Задолжително целосно да се почитува максимално дозволениот број посетители на организираните настани, согласно капацитетот и важечките прописи; објектите да бидат соодветно обезбедени со исправна противпожарна опрема, којашто е неопходно непречено да биде достапна за итна употреба и што е редовно одржувана; коридорите, излезите и патиштата за евакуација да бидат постојано чисти, проодни и без пречки; излезните врати за евакуација да бидат отклучени и функционални за непречено напуштање на објектите во случај на пожар или друга опасност; да се почитува забраната за користење на пиротехнички средства и да не се користи отворен пламен во затворени простории или други потенцијално опасни материјали спротивно на законските прописи; персоналот да биде информиран и подготвен за постапување во случај на итна состојба“, апелира ДЗС.