Асфалтирани улици во Ајдучка чешма

Се реши повеќедеценискиот  проблем на дел од жителите на населбата„ Ајдучка чешма“. Улиците „522 “ или како што граѓаните ја нарекуваат улица „Бара“  и „500“  добија асфалт што значи дека одењето по кал и дупки  веќе е минато. Граѓаните се благодарни на локалната самоуправа што ги зела предвид нивните барања за решавање на проблемот.

Улицата „522 “ вчеравечер  беше свечено пуштена во употреба со сечење на лента од градоначалникот Зоран  Дамјановски, претседателката на форумот на жените на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија , Атина Мургашанска и  заменик директорката на гимназијата „Гоце Делчев “ Соња Тодоровска, во присуство на претставници на локалната власт   и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Станува збор за еден раздвижен дел на градот каде што имаме единствена школа каде имаме најголем број ученици од прво до 8 одделение. Ги направивме улиците „500“ и „522“ на површина  од 3.600 метри кадратни , претходно  го направивме и канализациониот систем  и продолжуваме со актиностите, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

До крајот на годината ќе бидат решени поголем број на комунални проблеми во централното  градско подрачје, но и во приградските населби како дел од програмата на општината за решавање на патната и канализационата инфраструктура. Ќе бидат асфалтирани  улици со површина од околу 35.000 метри квадратни , бекатон плочи ќе бидат поставени на површина од 20.000 метри квадратни и ќе биде изградена 26 километарска канализациона мрежа.

Градоначалникот најави асфалтирање и на улиците 6 април и 30 јули во населбата „Перо Чичо“.

 

 

 

Коментари

коментар(и)