Олимписки ден во Куманово

На атлетскиот полигон во средното стручно училиште „Наце Буѓони денеска се одржа олимпски ден, на кој учествуваа ученици од основните училишта,„Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков. Основците имаа можност да играат мал фудбал, ракомет, трчаа на атлетската стаза на двесте метри. Манифестацијата ја организира Македонскиот олимписки комитет. Присутните ги поздрави претседателот на организацијата Васил Тупурковски, кој истакна дека му е чест што натпреварувањето се одржува во Куманово, кој е олимписки град а исто така и општина што вложува во младите и во спортот.

-Организирајќи го олимпискиот ден овој град е дел од целокупното светско олимписко семејство кое ширум светот организира вакви манифестации и денови. Им се радуваме на младите спортисти, видовиме млади уметници, едноставно уживаме денеска во Куманово.  Секаде во светот се организира, се слави олимпизмот младите се во прв  план ние сакаме масовен спорт, духот на олимпизмот е мир соработка меѓу народите нема нешто поубаво-нагласи тој.

Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека градот постојано вложува во изградба, реконстркција на спортски терени и игралишта.

-Куманово е денеска домаќин на промоција олимписки ден. Оваа година знаете има летна олимпијада во Рио, и токму Куманово го избраа како референтен град во однос на тоа што имаме олимписка историја. Куманово е еден од препознатливите градови кој вложува во спортот и мислам дека тоа е мотивот што денеска добивме привилегија од олипмскиот комитет да бидеме организатори-изјави тој.

Дамјановски додаде дека Куманово е и амбасадор на Република Македонија за промоција на спортот.

 

 

 

Коментари

коментар(и)