Ахмедовски и Ибраимовски ги повикаа Ромите да гласаат „за“

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, пратеникот и претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски и претседателот на општинската организација Севџан Сулејмановски, денеска на трибина пред кумановци ги презентираа ставовите во однос на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30-ти септември. Министерот Ахмедовски ги повика граѓаните  да излезат и да го дадат својот глас за Европска Македонија.

Ние на 8-ми септември 1991 година покажавме дека си ја сакаме државата, дадовме 100 проценти поддршка на референдумот кој се одржа за самојстојна, независна и суверена Македонија. Сега на овој референдум кој е тесно поврзан со претходниот сакаме да го дадеме својот глас за влез во ЕУ и Нато. Сметаме дека овие два сојуза се едни од најмоќните, ќе ни овозможат стабилност и мир, а во исто време и економски просперитет. Тоа особено се однесува на ромската етничка заедница-истакна тој.

Ахмедовски посочи дека сите вредности и критериуми од европските дражви треба да почнат да се применуваат и во Македонија.

Пратеникот Ибраимовски нагласи дека Ромите секогаш биле на страната која што е подобра за државата.

-Без оглед што сме сиромашни, имаме големо срце, почитување кон другите заедници, државата и затоа ќе гласаме за иднината на Македонија и очекуваме дека со влезот во НАТО и Европската унија ќе има социјална правда, правичност, безбедност, застапеност, врабтоување и сите други правни работи што треба да ги имаме како европска држава-истакна тој.

Членовите и симпатизерите на партијата да излезат и да се гласа ги повика и претседателот на општинската организација на ПЦЕР,  Севџан Сулејмановски.

 

Коментари

коментар(и)