ВИДЕО: Балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“

Балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на Националната опера и балет ќе се изведе во четврток во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Станува збор за претстава во која играчите демонстрираат неверојатна спремност и прецизност, претставувајќи го македонскиот балет како едно од најзначајните места во кои се создава македонската култура во мигов.

Балетската игра во оваа претстава изведена е преку соло делници, дуети, триа, квартети и групни игри во кои играчите, секој од својата азбука на ликот, презентира оригинален карактер – секој од својот аспект на љубовта која е централна тема на оваа претстава. Претставата ќе започне во 20 часот, а билетите веќе се во продажба.

 

Коментари

коментар(и)