Здружението на пензионери со активности за Велигден

Здружението на Пензионерите на Куманово, по повод одбележувањето на големиот христијански празник Велигден, реализираше повеќе активности за своите членови. Активот на жени, како и раководството, на градскиот плоштад вчера подарија велигденски јајца и слатки на своите сограѓани. Потоа во домот за стари лица Зафир Сајто беше изведена културна програма.

Утринава пригодни велигденски подароци добија и корисниците на центарот Порака наша.

Коментари

коментар(и)