Бањата во Стрновац запуштена и неуредена

Надалеку прочуениот геотермален извор од 39 степени Целзиусови е оставен да пропаѓа. Бањското лекувалиште е затрпано во расфрлани отпадоци од храна, пластични шишиња, хартија, а од расквасената земја не може да се дојде до базените. Бањата, за која постои верување дека ги лекува сите видови на ревматските заболувања, инфективните, заболувањата на периферните артериски садови,  не е оградена, а просторот нема тушеви, гардеробери, тоалети, ниту пак корпи за отпадоци. Но, лоши услови не ги спречуваат посетителите од сите краишта да државата, да го користат овој извор за лекување. Тие сметаат дека најпосетеното место во овој регион, е оставено да се распаѓа.

-Секој ден доаѓам живеам тука во близина,  доста лековита е вода, помага при реума, скршеници,  повреди и слично -вели еден посетител.

Борко Соколовиќ, директорот на јавното комунално претпријатие Козјак од Општина Старо Нагоричане, кое е задолжено за одржување на бањата, истакна дека при крајот на март ќе започнат со интензивно уредување на просторот, за да бањата биде подготвена за првомајските празници, кога очекуваат да има поголем број на капачи.

-Секоја година тоа го правиме на ист начин, базенот ќе се чисти, ќе се покрие со мрежа, ќе се постават контејнери, чистота ќе биде на високо ниво, ќе има дежурна служба, видео надзор, по сите прописи ќе биде во најдобар ред.  Ги повикуваме нашите сограѓани при крајот на април да не се посетат-изјави тој.

Бањата во Стрновац се наоѓа 15 километри од Куманово, по регионалниот пат за Крива Паланка.  По лековитоста на водата таа се поситоветува со бањите во Врање и Бујановац.

Коментари

коментар(и)