Без вода денеска ќе бидат неколку улици во Куманово

Поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа во текот на денот без вода ќе бидат неколку улици во Куманово.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има кај корисниците од улиците „Ѓуро Ѓаковиќ“ и „Доктор Рибар“ (сектор ординација Нухи), „Јоско Илиевски“, населбата Средорек и м.в. Стари лозја.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Коментари

коментар(и)