27 јануари – неработен ден за Србите во Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците , 27 јануари 2023 година (петок), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.

Коментари

коментар(и)