Без струја утре низа локации низ кумановско

Прекини на електричната енергија во текот на утрешниот ден се предвидени за повеќе села во Куманово и околината.

Во период од 09:30 до 13:30 часот без електрична ќе останат: Жегљане, дел од село Стрновац,  Драгоманце, Бонум, Малотино, Кокино, Арбанашко, Цветишница, Рамно, Пузајка, Буковљане, Никуљане, Пелинце, Алгуња, Коинце, Гулиновац, Челопек, Царина Пелинце, Старо Нагоричане.

Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Коментари

коментар(и)