Во моментот нема потреба да се прогласи кризна состојба во делот на енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, нагласувајќи дека до крајот на годината нема да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата.– Големи ценовни шокови нема да има и за тоа сум убеден. Ќе интервенираме секаде каде треба за да нема такви ценовни шокови. Не верувам дека ќе се доведеме во таква ситуација во јануари, рече Бектеши. Бектешти посочи дека веќе работи вториот блок на РЕК „Битола“, кој се надева дека до крајот на денот ќе работи со полн капацитет, а веќе е испратено и писмо до стопанските комори за набавка на мазут во случај да треба да се вклучи ТЕЦ „Неготино“.