Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Бензините БС-95 и БС-98, како и Еуродизелот од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а за три денари Екстра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата малопродажбна цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари, а 85,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 87,50, а Екстра лесното масло за домаќинство за 84 денари. Нагорна корекција за 1,140 денари има кај цената на Мазутот и килограм ќе чини 57,347 денари.

Коментари

коментар(и)