(ВИДЕО) 83 санкционирани возачи во Куманово, 59 за брзо возење, 24 за возење под дејство на алкохол

Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на Куманово изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции и 24 санкции за возење под дејство на алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Коментари

коментар(и)