Бензинот поевтин, дизелот поскап

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на Одлуката од минатата седмица.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство  се зголемуваат за 1,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,5 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,780 ден/кг.

Коментари

коментар(и)