БИБЛ лига: Кумановo и ТФТ ги добија противниците

По оддржаната ждрепка во Бугарија, македонските претставници ТФТ и Куманово ги дознаа противниците за втората фаза од кошаркарската БИБЛ лига. Вкупно шест екипи беа распоредени во две групи од по три екипи.

Двата наши клубвови сосема очекувано се најдоа во различни групи, па така ТФТ е во групата „Ф“ заедно со Хапоел Гилбоа Галил и Берое, додека Куманово во групата „Г“ во друштво на Хапоел Холон и Академик Пловдив.

Според правилата на БИБЛ-лигата за оваа сезона, првопласираните два тима од групите ќе се пласираат во полуфиналето.

Коментари

коментар(и)