Проработа Управата за водење на матични книги во Куманово

Скоро и да не постои граѓанин кој не си го поставил прашањето – зошто ни се потребни изводи не постари од шест месеци кога сме се родиле само еднаш? Ова особено ги револтира луѓето кои требаше да подигнат некој личен документ од Управата за матични книги и кои две недели не можеа да го сторат тоа поради, наводно, проблеми со интернет врските. Ве информираме дека матичната служба за издавање на лични документи во Куманово, како и подрачните канцеларии во селата Старо Нагоричане и Младо Нагоричане од вчера нормално функционираат.

Од матичната служба се правдаа дека проблемот не е до нив, туку до мобилниот оператор кој го одржува системот и секојдневно работи на терен да го реши проблемот.

Од канцеларијата кажуваат дека за да им излезат во пресрет на граѓаните кои имаа итна потреба од документи: извод за родени, венчаница или умреница, вработените ги пополнуваа документите на машини за пишување.

Управата за водење на матични книги во Куманово од јуни минатата година е преселена во простории во поранешната касарна на АРМ во населбата Бедиње, но граѓаните реагираат дека новиот објект е на непристапно место и дека тешко се доаѓа до него.

 

Коментари

коментар(и)