Бобан Стошевски е реизбран за претседател на пчеларското здружение „Пчела“ Куманово на редовно годишно изборно собрание одржано на 28 јануари во Занаетчискиот дом.
На собранието беше донесена и одлука кумановското здружение да го напушти Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија и да се приклучи кон Пчеларската федерација на Македонија.
Беа доделени дипломи и благодарници за учество и соработка во организацијата на саемот „Денови на мед 2025“.