Богата продукција на уметнички дела

Уметниците кои се дел од меѓународната ликовна колонија карпино 2015 работат во полна пареа. Петнаесетина дела веќе се готови, а повеќе од 20 се започнати. Творат на слободна тема, со комбинирана техника. Задоволни се од организацијата на домаќинот, Мултимедијалниот центар Карпино.

-Одбив многу колонии, бидејќи немам  време многу сум зафатен, но овде дојдов со радост бидејќи оваа колонија ми е многу драга. Јас сум истражувач, користам комбинирана техника, влегувам во сите сфери во сите димензии, за два дена направив 8 дела, изјави  Салим Љума , уметник

– Доаѓам од Украина, првпат сум во Куманово ,а вторпат во Македонија. Користам акрил, масло на платно, а инспирирана сум од македонските мотиви и  пејсажи , изјави Катерина Борцова , уметник

Организаторите сметаат дека оваа ликовна колонија ќе биде една од поуспешните досега имајќи ги во предвид имињата на уметниците.

-Самите сте сведоци дека веќе неколку дела се готови, над 15-20 веќе се започнати, некои направија по 7—8 дела, некои ќе направат уште по две-три дела , значи 13-та ќе биде една од подобрите колонии изјави Зоран Павловски, претседател на Мултимедијален центар Карпино

Колонијата ќе трае до 9 –ти септември , а утревечер во ресторан Грација ќе биде организирана колажна вечер.

Коментари

коментар(и)