И денеска протестираа жителите на Режановце

Изградбата на пругата од Коридор 8 кај селото Режановце четврти ден стои во место. Мештаните и денеска протестираа и не дозволуваат да се извршувааат градежните работи на терен додека надлежните не ги исполнат нивните барања, поправка на се она што тешката механизација на фирмата- подизведувач го уништила во селото откако започна изградбата на Коридор 8 .

-Нема да попуштиме нека дојдат на лице место да видат дека асфалтот е оштетен, на почеток на селото шахтата не е поставена асфалтот ќе се оштети, навозникот додека да се изгради ќе помине една година, а ние како ќе ја поминеме зимата, директно нека дојдат од Македонски Железници , бараме Вибе да дојдат да видат кој ќе ја надомести штетата изјави Зоран Крстевски, претседател на МЗ Режановце

– Издржливост на асфалтот на овој пат е 10 тони, а само еден нивен камион има 17 тони плус носивост преку 50 тони затоа се оштетени и куќите на жителите , фасади и мостот, бидејќи не се поминува еднаш дневно, во текот на денот поминуваат по 500 камиони во два правца, прашина , жените не може да распростат алишта во дворот, овоштарниците се полни со прав, изјави  Станимир Митковски, жител на Режановце

Жителите на Режановце ќе продолжат со протестот се до исполнување на барањата. Инаку, од Македонски Железници – Инфраструктура велат дека не се надлежни за решавање на овој проблем. Тоа е обврска на изведувачот. На мештаните уште минатата недела им е кажано дека изведувачот патот ќе го поправи, велат од МЖ Инфраструктура.

Коментари

коментар(и)